„РЕКЕТ“ – КАТИЦА ИМАЛА БОКСЕРСКА ВРЕЌА, А БОКИ 13 ПОСЕДУВАЛ ПИШТОЛИ
Во кривичниот суд на судењето за предметот „Рекет“ и денеска беа презентирани материјални докази.
Од фотографиите направени при претресот во домот на поранешната обвинителка Катица Јанева се гледа дека таа имала мини теретана опремена со лента за трчање, велосипед и боксерска вреќа.
Боки 13 пак, имал мини колекција на оружје. Фотографиите покажуваат дека поседувал четири пиштоли, што е далеку помалку од арсеналот пронајден кај веќе осудениот Зоран Милевски Кичеец.