(Видео) Осум медали за бугарските ученици на Балканската олимпијада по математика, што се одржа во Варна
Со два златни медали за Бугарија, заврши 41. Балканска олимпијада по математика, чиј домаќин беше Варна. Двете бугарски селекции освоија вкупно 8 медали и четири почесни плакети.
Два медали – златен и сребрен останаа во витрината на средното математичко училиште во Варна „Д-р Петар Берон“. Рекорден број на учесници и многу добар бугарски настап – ова беше кратката оценка на жирито.
