| |

Во Чикаго одбележана 81-та годишнина од спасувањето на бугарските Евреи

По повод одбележувањето на денот на спасувањето на бугарските Евреи и 81-та годишна од овие настани генералниот Конзул на Бугарија во Чикаго, Светослав Станков, и проф. д-р Жозеф Бенатов го посетија Illinois holocaust museum & Education Centre каде што поднесоа венец пред спомен плочата на митрополитите Стефан и Кирил на Ѕидот на праведните и оддадоа почит на жртвите на холокаустот.

Во соработка со AJC Chicago и Remotemore, професорот Бенатов одржа лекција на тема ,,Историја на Евреите во бугарските земји “.

,, Заветот на нашите предци како Димитар Пешев, Владимир Куртев, митрополитите Стефан и Кирил, илјадниците општественици, политичари, интелектуалци, службеници и други граѓани, кои му се спротивставија на нацистичкиот притисок, продолжува да биде наша инспирација во борбата против современите форми на антисемитизам и екстремизам”, пишува на социјалната мрежа Фејсбук генералниот Конзул на Бугарија во Чикаго, Светослав Станков.



Слични Објави