ЕУ Е ПОДГОТВЕНА ДА ПОСРЕДУВА ВО ДИЈАЛОГОТ МЕЃУ ПРИШТИНА И БЕЛГРАД

/

Шефицата на Канцеларијата на Европската унија во Косово Наталија Апостолова го поздрави првиот чекор на косовската Влада за укинување на таксата од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина и порача дека претставниците на ЕУ се спремни да ја исполнат својата улога и да го овозможат дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во вчерашното интервју за приштинскиот портал Љајми.нет (lajmi.net) Апостолова оцени дека одлуката на премиерот Албин Курти за делумно укинување на санкциите кон Србија и БиХ од 15-ти овој месец, би можела да има позитивен ефект на обновувањето на регионалната трговија и „отворање на прозорец“ за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ.

На прашањето дали новата стратегија за проширување на ЕУ им дава на земјите од Западен Балкан поголеми можности за интеграција, Апостолова одговара дека овој регион е приоритет на ЕУ и нејзин стратешки интерес е да го приближи што повеќе кон себе.





Претходна статија

ИТАЛИЈАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА СПОРТ УДРИ ПО ПАНДЕВ ЗАШТО ГИ – ГУШКАЛ СОИГРАЧИТЕ!

Следна статија

ВИКЕНДОВ СПРЕЧЕНО НЕЛЕГАЛНО ВЛЕГУВАЊЕ НА 180 МИГРАНТИ ВО ЗЕМЈАТА

Најново од Вести