| |

Бугарија/Избори: Според излезните анкети најверојатно влегуваат шест партии во новиот бугарски Парламент

Во нивиот бугарски парламент најверојатно ќе има шест партии, а победникот на предвремените парламентарни избори и „освојувачите“ на третото и четвртото место е тешко да се утврдат врз основа на излезните анкети што беа доцна попладнево објавени во Софија.

Според   анкета на Галуп, шест партии влегуваат во 46-то Национално собрание на Бугарија и коалицијата ГЕРБ/ СДС  освоила 22,1 отсто од гласовите.

Втора политичка сила во Бугарија би била партијата на ТВ-презентерот Слави Трифонов – „Има таков народ“ со 21,5 отсто. Третото место е за бугарските социјалисти – 15, отсто. Четврта би била „Демократска Бугарија“ со 13,7 отсто од гласовите, следува од Движењето за права и слободи со 12,0 отсто и „Исправи се„ мафијата надвор! ” со 4,8 отсто.

Останатите партии не преминале праг за пратеници во Парламентот. Според Галуп, одѕивот на парламентарните избори бил 34,5 проценти. Целиот напис можете да го видите овде.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави