ЗАЕВ НАЈАВИ 600 ИЛЈАДИ БАГРЕМИ ПОКРАЈ ПАТОТ МИЛАДИНОВЦИ-ШТИП
На свеченото отворање денеска премиерот Зоран Заев најави дека покрај автопатот Миладиновци-Штип ќе се засадат 600 илјади садници багрем.
Заев изјави дека патот ќе се плаќа од граѓаните на Северна Македонија. 10 отсто како учество на Јавното претпријатие за државни патишта, а 90 отсто од сите даночни обврзници.
Потсетуваме дека автопатот беше пуштен за сообраќај на 5 јуни и тогаш од Министерството за транспорт и врски рекоа дека свечено отворање нема да има.