|

Изложба во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје

Вечерва, со почеток во 20 часот во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје, ќе се отвори изложба со која се одбележува 10-годишниот јубилеј од воведувањето на предметот Фотографија и одделот Мултимедија.

Уметничко училиште со гордост ќе го претстави изборот на најдобри дела создавани изминативе 10 години, а тоа се фотографии, дигитално креирани дела, анимации и видеа.

Средното уметничко училиште следната 2024-та е прослави голем јубилеј, 80 години од основањето. Во своето постоење неколку пати сменило наставни планови, а последен пат 2013-та, кога се воведени предметите Видео и звук, Анимација, Медиски форми, Дигитална уметност и Фотографија.

За жал, велат, се уште без посебен закон за уметничко образование е третирано како таксативно набројано училиште во системот на образование.

Слични Објави