Шефот на украинската армија: Маријинка повеќе не постои, но сè уште не сме се повлекле
Командантот на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, вчера изјави дека неговите војници останале во областа на источниот град Маријинка и покрај тврдењата на рускиот министер за одбрана дека Москва ја контролира населбата, која е претворена во урнатини по неколкумесечни борби.
Залужни им призна на новинарите дека градот е во урнатини, но дека украинските трупи сè уште се на северното крило.
„Во овој момент денес, нашите војници се уште се во северните области“, рече Залужни. „Нашите војници подготвија одбранбена линија надвор од ова место, но можам да кажам дека местото повеќе не постои“.
Тој рече дека украинските сили се решени да го одбранат секој агол на земјата, без разлика дали тоа е Маријинка, Бахмут или Авдивка, два други града на истокот од земјата кои се предмет на повеќемесечни борби.
Авдивка, останува во украински раце, но веќе два месеци е под жестоки напади.
