| |

Фотографката Кристина Паскоска со прва изложба посветена на родното Драчево во рамките на „Драчевски фештивал“

На 23 декември во Домот на културата во скопската населба Драчево беше прикажана изложбата „Драчево некогаш и сега“ на етнологот, антрополог, фотограф и блогер Кристина Паскоска. Првата изложба со фотографии на Паскоска беше дел од првото издание на културната манифестација „Драчевски фештивал“, што се одржа во периодот од 21 до 23 декември во Домот на културата по старо познат како Кино Драчево.  

Изложбата ја обработува темата за Драчево, некогаш и сега со фокус на драчевската автентична архитектура и нејзните сегменти, легенди и раскошни описи. Концептот на содржината беше составен со описи точни, делумно точни и тотално погрешни, со цел да се предизвика вниманието на посетителите на изложбата.

„ Идејата со погрешните описи ми дојде со цел, да го предизвикам интересот на посетителите за нашето Драчево. Колку од нив си го познаваат местото на живеење, и колку од нив би сакале да дознаат повеќе за него. Целта беше едукација преку фотографии, за кои бев тука заедно да го сториме тоа. Задоволна сум од тоа како помина мојата прва изложба и ми беше чест, што бев дел од првиот „Драчевски фештивал“, изјави за Трибуна авторката на изложбата Кристина Паскоска.



Слични Објави