|

48-часовен притвор за тројцата осомничени за киднапирањето и убиството на Вања

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство, за определување мерка краткотраен притвор, а поврзано со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, против три лица кои рано утрово беа спроведени во судот, донесе решнија со кои го прифати предлогот и на трите лица им определи мерка притвор од 48 часа, а зарди постоење на основите од чл. 165 став 1 точка 1,2 и 3 односно опасност од бегство, влијание врз сведоци и страв дека ќе го повтори односно изврши ново кривично дело, извести Кривичниот суд.

Мерката краткотраен притвор, по предлог на надлежниот обвинител, може да се продолжи или замени со други мерки за обезбедување присуство.

Три лица ноќеска беа донесени во Кривичниот суд и изведени пред судија на претходна постапка за киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

Првиот кој беше донесен за медиумите изјави дека не ја убил 14-годишната Вања, а на следните прашања на новинарите, дали признал вина и каква е неговата поврзаност со случајот, не даде одговор.

Обвинителството потврди дека е уапсен Александар, татко на 14-годишното девојче.

За денеска во 9 часот и 30 минути е закажана прес-конференција на министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски.

Слични Објави