ИЗВИНЕТО НЕКА Е!

//

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ можат да се договорат скоро за СЀ!

Можат да се договорат да си поделат 4.5 милиони евра за партиските каси, да најдат соодветен модел на 2/3 мнозинство за да го сменат Уставот, да си ги зачуваат патните трошоци, да ги „решат“ јавните набавки и сѐ друго за кое ќе се сетите, но никако да се договорат за промените во правосудството и владеењето на правото и за промената на изборниот модел.

Ако почитувани сограѓани сте задоволни од сето ова, тогаш најискрено ве замолувам на следните парламентарни избори да излезете и по создадената традицијата за овие 28 години масовно да гласате за нив. Тоа е демократијата. 
Но доколу не сте задоволни, како што не сум задоволен и јас од оваа ситуација, тогаш пред нас имаме две можности: или секој поединечно да се спасува, иселувајќи се од земјава, тој, па за кратко и неговото семејство, или масовно да излеземе на гласање и да гласаме за некој друг.

Да не се разбереме погрешно, гласајте за кого сакате, не мора тоа да е ГДУ, само немојте за оваа „триглава” ламја, повторно.

Ги замолувам при иселувањето, особено граѓаните од источна Македонија, внимателно да возат по новиот автопат кон аеродромот во Скопје, бидејќи ни се јави „спасителот” од Будимпешта да не му го уништиме, небаре е од на дедо му наследството а не од „жутите” на кредит за кој со Милета маки мачеа со процентите.

Почитувани сограѓани, не излегувањето на избори не е решение, нивните партиски машинерии елегантно здомени на државна служба ќе си ги изгласаат пак. Но за наша огромна среќа тие се 2/3 од гласачкото тело. Останува да слушнеме што мислат оние 1/3 кои не сакаат да прават компромис со себеси и иднината на нашата држава, за тоа да бидат вработени од партијата како чиновници или друга многу „патриотска” или „државотворна” позиција во администрација.



За крај да потенцирам дека тој се извини, но и ти се извини, значи ние се извинивме. Додека процесот на помирување „цвета“ преку институтот „македонска прочка“, објавен од премиерот Заев од говорницата во Собрание, станува се појасно дека скоро нема да имаме македонски Велигден.

Автор: Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ



Претходна статија

КОГА СМЕ ВЕЌЕ КАЈ ХИМНИТЕ!

Следна статија

600 000 БАГРЕМИ И НИТУ ЕДЕН ЧОЧЕК

Најново од Истакнато