КОГА СМЕ ВЕЌЕ КАЈ ХИМНИТЕ!

//

Дали знаете кој е Асдрени или поточно Александар Асдрени? Асдрени е авторот на Албанската химна Himni i Flamurit (Химна за знамето). Химната ја напишал во Букурешт Романија, а била објавена како поема со наслов „Слобода за Албанија“ во албански билтен, првпат во Софија, Бугарија на 21 Април 1912 година. Композитор на музиката е Кипријан Промбеску- романски музичар. Со прогласувањето на Независна Албанија во Валона во 1912 година, кога било усвоено државното знаме, оваа поема била прогласена за државна химна.

Но, повеќе сакам да се задржам на авторот Асдрени, неговото име е Александар Ставре Дренова. Асдрени (скратеница од името презимето и местото на раѓање) му бил псевдонимот под кој пишувал додека бил во илегала. Александар Ставре бил по потекло од с.Дреново, денешно Drenova, кое се наоѓа на 5 километи на југоисток од градот Корча. Александар се родил во 1872 година во с.Дреново, Отоманско царство, на 13 години останал сирак по смрта на татко му и заминал кај своите постари браќа да престојува во Букурешт. Дреновчани заминувале често на печалба во Букурешт поради големата романска, односно влашка пропаганда која била присутна во тој дел на Албанија, односно Отоманска империја.

Асдрени учел во Патријаршиско-грчко училиште од причина што исто така била силна и грчката пропаганда во тој дел за што францускиот етнограф и картограф Александар Синве ќе напише дека во Дреново, Корчанска епархија живеат 660 Грци.

За селото Дреново пишувале и многу други патеписци, автори и лингвисти. Хајнирх Гелцер / Heinrich Gelzer, например ќе напише по една посета на селото, дека Дреново и соседното Бобошница се населени со бугари, и претставуваат бугарски остров во албанското море, односно дека тоа се остатоци од словенско население по масовната албанска миграција од 14-тиот до 15-тиот век.

Густав Веиганд/Gustav Weigand го вели речиси истото: „Во првите декади на 20-тиот век населените со словенско население Дреново и Бобошица се словенски лингвистички острови“.



Според македонските историчари Дреново е дел од Корчанскиот дијалект на македонскиот литературен јазик, додека од локалните жители е изјавено дека до 1960 година зборувале Bullgarçe, за во 2005 година да бидат пронајдени само двајца кои го зборувале овој диалект.

Александар Ставре Асдрени, самиот знаел што бил. Бил и македонец, и бугарин и албанец. Додека живеел во Романија се вклучил во албанското револуционерно дело работел, творел и се борел за слободна Албанија, дал голем дар на Албанија, а тоа е нејзината химна, „Химната за знамето“. Колкава гордост е да знаеш дека човек од твојот род го посветил својот живот за слободата на твојот близок сосед, му дал скапоцен дар и е почитуван од него. Луѓето како Александар Ставре Асдрени, Скендербег, Гоце Делчев, Петар Чаулев и др., па дури и Александар Велики треба да нѐ обединуваат. На Балканот ни е доволно од поделби и да знаете чиста нација е халуцинација !!!

Автор: Стево Насковски

Претходна статија

КОКИ БЕЗ КИКИ И СО ТАМИ, НО ПРЕД ПУБЛИКА

Следна статија

ИЗВИНЕТО НЕКА Е!

Најново од Ваш став