Бугарска студентка е избрана за престижна научна програма на ETH универзитетот во Цирих
Бугарската студентка Марија Дренчева е избрана меѓу 2.500 кандидати за Student Summer Research Fellowship (SSRF) на швајцарскиот универзитет ETH Цирих, програма во која годишно се примаат само 20 студенти од целиот свет, јавува бугарското Министерство за образование и наука.
Во текот на два месеца Дренчева работела во Secure and Private AI Lab (SPY Lab) на истражување поврзано со безбедноста на вештачката интелигенција. Проектот испитува дали AI-агентите, при извршување зададена цел, можат да се обидат да ги заобиколат поставените ограничувања и да преземат недозволени дејства.
Таа работела под менторство на д-р Авитал Шафран и проф. Флоријан Трамер, раководител на лабораторијата и истражувач во областа на безбедноста на машинското учење.
Дренчева е стипендистка на INSAIT во програмата EXPLORER и студентка на Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Нејзин труд, изработен со ментори од INSAIT, е прифатен на конференцијата ICLR во Сингапур, каде што го претставила истражувањето како прв автор.

