ОКОЛУ 10000 РОМИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОМОШ ВО ВИСИНА ОД 100 ИЛЈАДИ ДОЛАРИ ОД ФОНДАЦИЈАТА ОТВОРЕНО ОПШЕСТВО

/

Околу 10.000 Роми во Државата , кои се во социјално тешка финансиска состојба, ќе добијат помош во вид на хигиенски и прехранбени пакети со вкупна вредност од 100.000 долари, од Фoндацијата Отворено Општество.

„ Од исклучителна важност во овие моменти е да се обезбеди соодветната поддршка за најранливите групи на граѓани и тоа преку зголемување на можноста за одржување на редовна хигиена и дезинфекција, но и преку поддршка во храна во периодот на изолација. Пакетите со храна и средства за хигиена кои се доволни во период од еден месец се наменети за потребите на едно семејство со 4 до 6 членови“, се вели во соопштението.

Со оваа помош се опфатени и ромски семејства во Делчево, Виница, Пехчево и Црник. Дистрибуцијата на хуманитарните пакети ќе започне утре и ќе заврши најдоцна на 10 април, а активностите во овој крај ќе одат преку невладината КХАМ:
„Моментално располагаме со 300 хигиенски пакети кои ќе бидат поделени на социјални семејства кои во моментот се во тешка состојба со оглед на моменталната состојба со корона вирусот“ изјави Зекир Абдулов, прет. на НВО КХАМ – Делечво

Од КХАМ најавувата слични активности и во наредниот период:
„Ќе се делат и прехрамбени пакети за тоа секако ќе ве информираме односно кога ќе продолжиме. Тоа е од прилика што во моментот го работиме со Центарот за јавно здравје и фондацијата отворено општество“ изјави Зекир Абдулов, прет. на НВО КХАМ – Делечво
Со активностите на ниво на Држава се опфатени околу 2.000 семејства кои живеат во 9 општини.



Претходна статија

(ВИДЕО) ТАТКОТО НА ЕДЕН ОД ТЕПАЧИТЕ: „ЕДНО ДЕТЕ ИМАМ АМА ЗАКОПА МЕ ВИШЕ“

Следна статија

ПРОФЕСОРКАТА РИСТОВА-АСТЕРУД СО ОСУДА ЗА ПОВИЦИТЕ НА НАСИЛСТВО ВРЗ ТЕПАЧИТЕ ОД ШТИП

Најново од Вести