|

(Видео) Каевски: Мицкоски призна, со ДПМНЕ нема членство во ЕУ

Јавно, во интервју за „360 степени“, Христијан Мицкоски потврди дека неговата ДПМНЕ сака целосна блокада на евроинтегративниот процес на земјата.

Прашан за противењето на ДПМНЕ за гласањето на уставните измени и дека тоа може да значи нови 10 години блокада на пристапот кон ЕУ, Мицкоски рече, цитирам: „може да бидат и сто години“ и додаде „а можеби и никогаш да не биде“, истакна на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, од СДСМ.

Признанието на Мицкоски, вели тој, е јасна потврда, со ДПМНЕ и Левицата нема членство во ЕУ, нема напредок, нема иднина.

Според него, антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левицата сакаат да ја вратат државата назад, во мрачно минато, во изолација, скарана со сите.

„Кочењето на европскиот пат е на директна штета на граѓаните, на повисок стандард, поголеми плати, поголеми пезнии, подобра иднина за младите.

Тоа еднаш сме го виделе кога 11 години бевме заглавени.

Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левицата е закана за европската иднина на земјата и мора да биде поразена.

Изборите ќе бидат своевиден референдум за иднината на земјата.

Изборот е јасен: напредок и членство во ЕУ со СДСМ, изолација и стагнација со ДПМНЕ.

Граѓаните немаат нови години за губење во изолација, неизвесност и стагнација“, додава Каевски.

Со глас за проевропската коалиција предводена од СДСМ, според Каевски, на претседателските и на парламентарните избори граѓаните избираат членство во ЕУ, повисоки плати и пензии, напредок и сигурна иднина.

Слични Објави