Јанушев: На Спасовски како да не му се слуша и не сака да одговори, затоа пак ќе го прашам – дали има правилник (или друг правен акт) за постапката при пријава за исчезнато лице?
„На Спасовски како да не му се слуша и не сака да одговори, затоа еве пак ќе го прашам – дали има правилник (или друг правен акт) за постапката при пријава за исчезнато лице? Не е тешко прашањето – или има или нема!“, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на социјалните мрежи.
„Законот (за полиција) упатува на изготвување и донесување таков подзаконски акт, затоа нека одговори Спасовски кој и кога го изготвил, одобрил и донел тој акт (правилник) и како е предвидено да се постапува во согласност сос него?
Дали надлежните во МВР при пријава за исчезнато лице постапуваат по однапред дефинирани правила и процедури или е оставено на „слободната процена/видување“ на службеното лице што ја прима пријавата? Спасовски, чекаме одговор?“, вели Јанушев
