ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАКОНОДАВНАТА ВЛАСТ ЗА СЛЕПИТЕ И СЛАБОВИДНИТЕ ЛИЦА

/

Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија, во соработка со Националниот сојуз на слепите, организираше тркалезна маса, на која со претставници на здруженијата на слепи и слабовидни лица од повеќе градови од Република Македонија, беа споделени информативните материјали за Собранието на Брајово писмо.

Дополнително, материјалите беа изработени во аудио формат и објавени на веб-банерот на Парламентарниот институт на интернетската страница на Собранието

http://www.sobranie.mk/aktivnosti-na-parlamentarniot-institut.nspx.



На ваков начин, Собранието придонесува кон промовирање на култура на отвореност на законодавната власт и вклучување на сите категории на граѓани и здруженија.

Претходна статија

КАРАКАЧАНОВ ПРЕД КАНАЛ 3: СОВЕТНИК НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МАКЕДОНИЈА ШПИУНИРА ВО БУГАРИЈА

Следна статија

ФОТО: КОЈ ГО ОБЕЗБЕДУВА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО?

Најново од Вести