Бугарин доби престижна светска научна награда за кристалографија
Бугаринот Петар Векилов ja доби една од најпрестижните награди за научни достигнувања во кристалографијата. Тој е професор на Универзитетот во Хјустон во САД, а наградата „Френк“ е особено вредна бидејќи се доделува еднаш на три години и тоа доколку се најдат достојни номинации.
Веста ја соопшти раководството на Меѓународната организација за кристален раст (IOCG), а презентацијата ќе се одржи од 30 јули до 4 август во Неапол на меѓународна конференција. Оваа година проф. д-р Векилов ќе ја дели со проф. Хуан Мануел Гарсија-Руиз од Универзитетот во Гранада.
Векилов работи на Катедрата за хемиско и биомолекуларно инженерство и хемија, од каде доаѓа неговата номинација.
Наградите Френк и Лодиз беа воспоставени во 1987 година од страна на IOCG во чест на првите двајца претседатели на организацијата – британскиот теоретски физичар Сер Фредерик Чарлс Франк и Роберт Алфред Лодиз. Доделената награда на проф. Векилов, е „за значаен фундаментален (не е задолжително да е теоретски) придонес во областа на растот на кристалите“.
Покрај посебен медал, наградата има и монетарна димензија, која се формира со донации од индустријата, фондации и други извори.
