| |

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГДУ СЕ СРЕТНА СО ПРВИОТ ЧОВЕК НА АКРЕ

Во рамките на Самитот на слободата на Алијансата на конзервативците и реформаторите (АКРЕ) што се одржа вчера во Софија, претставници на Граѓанско Демократската Унија- ГДУ, се сретнаа со претседателот на АКРЕ, г. Јан Захрадил.

Делегацијата на ГДУ предводена од потпретседателот Александар Попоски со членовите на Управувачкиот комитет, Јована Спасевска, Добре Митрев и Александар Тодоровски, разговараа со г. Захрадил на следните теми:
-евроинтеграциите на нашата земја
-реформите во економијата и безбедноста 
-миграцијата, процедурите и правилата кои се однесуваат на азил, се вели во соопштението на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- ГДУ.

Слични Објави