СТУДЕНТИТЕ ВО ШУТО ОРИЗАРИ ЗА ПРВПАТ ДОБИЈА ЧИТАЛНА
Вчера за првпат во Шуто Оризари се отвори читална за потребите на студентите Роми од оваа општина.
Читалната е идеја иницирана од студентите и се наоѓа во просториите на СУГС ,,Шаип Јусуф”. За нејзиното отворање помогна гимназијата и локалната самоуправа.
Читалната ќе им обезбеди на студентите простор за учење, но таа е отворена и за сите младински иницијативи.
Според советничката за образование Рамиза Сакип, потребно е да се подобри комуникацијата меѓу средношколците и студентите, бидејќи на тој начин, вели таа, доаѓа до трансфер на искуства, меѓусебно мотивирање и создавање на квалитетен кадар.