Копродукцијата на театрите од Велес и Пловдив ,, Едвард II” со две награди на театарскиот фестивал ,,Војдан Чернодрински” во Прилеп
Фото: Сергеј Еленин
Театарската претстава ,, Едвард II” на Андриј Жолдак во копродукција на велешкиот театар ,, Јордан Хаџи Константинов- Џинот” и драмскиот театар Пловдив освои две награди на 58-то издание на меѓународниот театарски фестивал ,, Војдан Чернодрински” што се одржува во Прилеп.
Убавата вест на социјалната мрежа Фејсбук ја објави познатиот македонски актер Васил Зафирчев.
,, Награда за најдобра млада актерка за Јована Миладинова за улогата Изабел де Валоа. Награда за најдобра костимографија за Симон Мачабели и Раде Василев.
Честитки, да се множат “, напиша на социјалната мрежа Фејсбук, Зафирчев.
