| |

ЦЕЛА ИТАЛИЈА ПОД КАРАНТИН

Италијанскиот премиер Џузепе Конте вечерва на вонредна прес конференција соопшти дека цела Италија од вечерва ќе биде ставена во карантин, односно мерките што важеа за северна Италија, од сега важат за цела Италија, пренесува Фокус.

Со мерките се забрануваат сите јавни настани, се затвораат кината, театрите, теретаните, дискотеките и кафулињата. Се заврануваат и свадбите, погребите и сите спортски настани, вклучувајќи ги натпреварите од Серија А. Сите училишта и универзитети ќе останат затворени до 3 април.

Конте изјави дека „Иднината е во наши раце и секој треба да го направи својот дел“.



Слични Објави