БЕРЗА НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ПАЗАР

Истакнато Колумни Позиција

Колку што насловот на оваа колумна е ироничен, саркастичен, циничен, толку е, за жал, и реален.

Парламентарните, локалните, претседателските и сите политичко-партиски избори веќе се претворени во кампањи за маркетинг, со валутни курсеви.

Kако и на Њујоршката берза, така и кај нас има секојдневни флуктуации на валутата, сè до прогласување на победникот.

Но, она што е разочарувачко во приказната е што гласовите се третираат како валути. Избирачи кои ја одредуваат ‘цената’ за својата одлука, некои кои решиле да ја продадат својата слобода за лична придобивка. Но, не сум сигурен дека е голем бројот на тие што се подготвени да бидат купени на пазар.

Вистинските промотори на овие ‘зделки’ се политичките партии кои го насочуваат вниманието кон договорите на маса. Или кон пазарот на кој функционира логиката “дај ми, за да ти дадам”.

Па, така, уште не почнала кампањата, а на терен веќе се поставува прашањето: Што ќе се случи во вториот круг од изборите?!

Да не е случајно нарачано орото уште пред да бидат поканети свадбарите?

Ми се чини дека сиве овие двоумења се дел од една доброосмислената кампања, одлика на стратегијата која со години функционира во нашата сиромашна и кукавичка земја!

Случајот со кандидатот кого ние го поддржуваме, Блерим Река, ги зголеми стравувањата на старите партии. А знаете зошто? Затоа што, како никогаш досега, Албанци, Македонци, Турци, Бугари, Бошњаци, Роми и Египќани, се подготвени да гласаат за Блерим Река за претседател. Затоа што тој е кандидат на народот.

Фактот дека Блерим Река е личност со најсериозна, најинтелектуална и најдипломатска кандидатура предизвика анксиозност кај одредени партии и кругови кои немаат ниту еден чесен ден во политиката. Па, така тие почнаа да се грижат како да го поразат ова зло што им се случува пред очи?!

Она што најмногу ме ‘импресионира’ е големиот недостиг на почит кај старите партии (на пример, кај ДУИ, бидејќи нема постара партија од неа). Поконкретно, немањето почит кон народот, кон гласачите!

Па, така, со претпоставки за “претседателските договори” тие целосно ја игнорираат волјата на народот. Дури и им велат на луѓето “бидете мирни, покорете се”, тврдејќи дека нивниот глас нема никаква вредност. Битно било само како се менаџира со нивниот глас!
Ова е диктаторска логика чиј што ‘дом’, според меѓународната заедница, е зад решетки. Ама не знам со каква храброст уште продолжува да функционира во нашата држава?

Се извинувам за вулагарноста на прашањето, но: „За што го сметате народот?!“ Тоалетна хартија со која, со извинување, ги бришете усните секогаш откако ќе се извалкате? Или, пак, тоа се луѓе што ги продавате за да купите евра, милиони евра, луксузни вили, движен и недвижен имот ?!

Уште ли мислите дека имате право да се пазарите пред очите на народот, во име на наводниот “консензус”?!

Рационално и инстинктивно чувствувам дека ова се крајните напори на една очајна група луѓе кои седат на погрешното место!

Тоа е последната прашина која сака да ја подигне еден веќе уморен, стар и изнемоштен коњ, кој не само што не го послушал газдата, туку и го фрлил наземја. Го влечел со години, нанесувајќи му длабоки рани!

Она што најмногу го чекам е неодложното отстранување на сите поединци кои преку власта ја зголемија својата ароганција, лица кои што се осомничени за вмешаност во голем број кривични дела, за кои е јавно познато дека имаат аура на моќници кои веруваат дека нивното постоење е стопати побитно од постоењето на обичните смртници!

Да се навратиме уште еднаш на претседателските избори. Народот е јасен во однос на своите вештини за донесување одлуки, а пред сè суверен!

Немојте да се пазарите, игнорирајќи ја апсолутната моќ на народот!

Немојте да поставувате дилеми за тоа како ќе постапи Пендаровски или Река, со давање-земање гласови во името на народот!

Не знам за другите кандидати, не знам дали мислат дека имаат право да се прават партиски пазарења со гласовите што ги бараат, наводно во името на принципите на доброто претседателствување, но г-динот Блерим Река експлицитно изјави дека е само во служба на народот.

Токму затоа го поддржувам и го сугерирам како претседател, бидејќи мислам дека доблеста на г-дин Река е што, по сè изгледа, е единствениот кој себеси се ставил во функција на народот.

Изгледа дека ја знае равенката на власта во демократските земји, каде што на прво место е народот! Формула која властите во Северна Македонија ја решиле толку лошо, што веќе со години е создаден огромен дисбаланс меѓу една мала, но многу богата класа, и таа многу поголемата која сака да замине или веќе заминала од земјава!

Поради непостоењето праведна власт во нашата држава, има само една јасна поделба, очигледна како светлината на Сонцето, а таа не е ниту етничка, ниту верска! Најдлабоката и вистинска поделба е: Богати политичари- Сиромашен народ!

Ова е дури предмет којшто заслужува посебна анализа, токму поради злите работи напишани со солзите на народот. Но, дрскоста продолжува и тоа токму на претседателските избори! Овие политичари – босови, кои ги испразнија џебовите и достоинството на граѓаните, сега нив ги сметаат за алатка со која можат да си играат како што сакаат и кога сакаат! Според нив, народот не е само сиромашен, туку е и глупав. Бог нека им прости, а правдата нека го каже своето!

Забораваат дека овој народ има моќ овие грмушки, овие политики – шефови, да ги откорне многу силно. Градинари туѓинци ги заземаат нашите тревници, а отровните билки кои овенаа и удавија стотици илјади судбини, бои, сништа, не ги толерираат!

Крајот се приближува и се подготвува да чукне на вратите на сопствениците на погрешните работи, на сопствениците на народот…Но токму таквите отсекогаш имале горчлива завршница!

Автор: Д-р Арбен Таравари, градоначалник на Општина Гостивар