Генчовска: Бугарите да бидат запишани во Уставот на РС Македонија е услов што мора да биде исполнет, за почеток на преговорите со ЕУ
Влезот на Бугарите во Уставот на РС Македонија е условот што Скопје мора да го исполни, за да почнат преговорите за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија, изјави шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска пред новинарите пред форумот „ЕУ на средба со Балканот“, организиран од европратеникот од редовите на ДПС и претседател на АЛДЕ, Илхан Ќучук и Атлантскиот клуб.
Гости на форумот се еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и Федерика Могерини, ректор на Колеџот на Европа и висок претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност (2014-2019)
„Не знам какви сигнали даде премиерот, но ова е нашиот став“, додава Генчовска.
Таа оваа позиција ќе му ја претстави и на еврокомесарот за проширување Оливер Верхеи на состанок подоцна денеска.
Генчовска посочи и дека нема да биде дел од бугарската делегација што утре ќе отпатува за Украина.
„Бугарија постојано ја поддржува европската перспектива на Украина“, рече министерката Генчовска на отворањето на форумот.
Таа додаде дека Бугарија отсекогаш ја поддржувала европската перспектива на сите земји од Западен Балкан.
„Руската агресија против Украина претставува извонреден предизвик за целиот демократски свет“, додаде шефицата на бугарската дипломатија.
