| |

(ВИДЕО) ЊУЈОРШКИОТ ЦЕНТРАЛ ПАРК СТАНУВА БОЛНИЦА ЗА 50.000 ПАЦИЕНТИ

Во Централ парк во Њујорк се почна со поставување голема полска болница, таму веќе има околу 50.000 кревети, но се очекува дека до вторник ќе може да прими нови пациенти заболени од коронавирусот, кои во Големото јаболко се 33.776.

На источната страна на паркот свртен кон болницата „Маунт Синај“ ќе има 14 шатори со 68 кревети, ќе има и интензивна нега со респиратори. Пациентите ќе бидат згрижени од тим лекари и медицински сестри, кои им помагале на заразените со ебола во Западна Африка, но и на бегалци од Сирија во Ирак, како и на погодените од земјотресот во Еквадор, пренесува „Њујорк пост“.

Координаторот на здравствените работници, Елиот Тенпени, рече дека очекува болницата да почне со работа во рок од 48 часа.

Извор: Макфакс



Слични Објави