ПАРИЧНА КАЗНА ЗА НЕПОЧИТУВАЊЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ВО БЕРОВО

Основното јавно обвинителство Берово поднесе Предлог за определување казнен налог против еден обвинет за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија. Тој на 29 март во 17:35 часот бил затекнат како се движи пеш во Берово на ул.„Моша Пијаде“.

Надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи да определи парична казна за обвинетото лице од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на износ од 10 евра во денарска противвредност.





Претходна статија

(ВИДЕО) ЊУЈОРШКИОТ ЦЕНТРАЛ ПАРК СТАНУВА БОЛНИЦА ЗА 50.000 ПАЦИЕНТИ

Следна статија

КОВИД-19: ИТАЛИЈА И ШПАНИЈА СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ ЖРТВИ, ВО САД НАЈМНОГУ ЗАБОЛЕНИ

Најново од Вести