ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ ГРАДИ ДОЛГО НАЈАВУВАНИТЕ ТУНЕЛИ ПОД КАЛЕ

//

Со потпишувањето на договорот за основниот проект започнуваат активностите на град Скопје околу изградбата на булеварот кој покрај влада преку мост на Вардар и тунели под Кале ќе излегува на Пластичарска.

Основниот проект турската компанија треба да го заврши до нова година а потоа треба да се избере изведувач. Проценките се дека овој капитален проект ќе чини 30 милиони евра а во употреба би требало да се пушти кон крајот на 2021 или на почетокот на 2022 година.

Компанијата од Анкара во своето портфолио го има дизајнирано најдолгиот тунел од 12 километри во Турција како и многу клучки и мостови.

Ова е идеја стара 60 години. Еден од инженерите од тоа време дочекал да биде вклучен во неговата реализација.



Со овој капитален објект се проценува дека од Водњанска до Чаир ќе се стигнува за 5 минути нешто за што сега се потребни во најдобар случај 20 минути што треба да го намали и загадувањето а ќе се намалат и гужвите кај Мавровка каде дневно поминуваат околу 80 илјади возила.



Претходна статија

МАКЕДОНСКИОТ ДВОЕЦ НА ПРОДАЖБА: ПАЛЕРМО ЈА ОДРЕДИ ЦЕНАТА НА НЕСТОРОВСКИ И ТРАЈКОВСКИ

Следна статија

ЗАЕВ УТРЕ НА СРЕДБА СО КАНЦЕЛАРКАТА МЕРКЕЛ

Најново од Вести