|

ИЈЗ: НИТУ ЕДЕН НАШ ВРАБОТЕН НЕ Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

Ниту еден од вработените во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) не е позитивен на Ковид-19, информираат од институцијата.

Епидемиолошките екипи и натаму ја извршуваат својата работа како и во изминатите два месеца. Ова е официјална информација од ИЈЗ што е потврдена и од директорот Шабан Мемети и јавноста треба да биде информирана, се наведува во соопштението.

Од ИЈЗ посочуваат дека официјалните информации за состојбата со Ковид-19 се објавуваат на интернет страницата на институцијата и на страницата на Министерство за здравство.



Слични Објави