| |

КОЛЕВ ДО ТВ АЛФА: БЛАГОДАРАМ ШТО ЈА ПУШТИВТЕ БЕЗ ИНТЕРВЕНЦИИ ХУМОРИСТИЧНАТА ЕМИСИЈА ВО КОЈА УЧЕСТВУВАВ ПРЕД ДЕСЕТИНА ГОДИНИ

„Ја користам оваа прилика јавно да им се заблагодарам пред се на сопствениците на телевизија Алфа, Горан Балаќ и Петер Шац поради нивниот високо професионален пристап со менаџирањето на компанијата која ја поседува телевизија Алфа.
Се разбира, тоа не би било можно без уредувачкиот квалитет на редакцијата на самата телевизија.

Мојава реакција е резултат на последното издание на емисијата „Заспиј ако можеш“ емитувано на 6 јуни, а посветено на односите помеѓу Македонија и Бугарија, а во која беше искористена и хумористичната емисија емитувана на БНТ пред единаесет години.

Пријатно сум изненаден поради тоа што немаше никакви интервенции во видео снимката од која секако секој ќе заклучи дека станува збор за емисија од забавен карактер.
Моите честитки поради објективноста и до уредникот на емисијата и верувам дека телевизија Алфа ќе биде и за Граѓанско Демократската Унија место за дијалог и место за спротивставување на аргументи, ставови и визии“, напиша на facebook претседателот на Граѓанско Демократска Унија Петар Колев.

Потсетуваме дека делови од гостувањето на Петар Колев во хумористичната емисија „Преди новините“ беа користени за оцрнување и политичко дискредитирање на лидерот на ГДУ.

Со емитувањето на целата емисија, станува јасно дека истата е пандан на нашата емисија „Фчерашни новости“.

Слични Објави