Бугарија се приклучи на глобалната иницијатива на ОН за спречување насилство врз деца
Бугарија стана 47-та земја што се приклучува кон глобалната иницијатива на Обединетите нации INSPIRE за превенција и справување со насилството врз деца. Ова беше објавено за време на средба меѓу министерот за правда Георги Георгиев и д-р Наџат М’џид, специјален претставник на генералниот секретар на ОН за прашања поврзани со насилството врз деца, во рамките на сесиите на Генералното собрание на ОН во Њујорк, информираата од Министерството за правда на Бугарија.
Со приклучувањето, Бугарија ќе работи на примена на докажани мерки од светски размер за заштита на најмладите. Ќе бидат спроведени специјализирани обуки за полицајци, обвинители, судии и други професионалци кои работат со деца – жртви или сведоци на насилство.
Министерот Георгиев е дел од делегацијата предводена од премиерот на Бугарија, која учествува на Неделата на високо ниво во Обединетите нации.
