| |

РУСКИ ВИРОЛОГ: ФАКТОТ ШТО ВИРУСОТ СЕ ПОЈАВИ ВО КИНА НЕ Е СЛУЧАЈНОСТ

Рускиот виролог и доктор на науки, Николај Малишев изјави дека нема никаква случајност во фактот што коронавирусот потекнува токму од Кина.

Според неговото мислење, токму во тој регион се наоѓа широк спектар на животни кои се носители на различни вируси и истите можат да ги пренесат на човекот.

Малишев истакнува во интервју за руската тв куќа „Звезда“ дека коронавирусот може да се најде и кај лавови, тигри и пантери, иако во најголема мера сепак го има кај лилјаците.

„Во генонимите кај околу 80% од лилјаците се наоѓаат гени кои наликуваат на гените на последниот вирус кој го направи овој неред“, вели рускиот доктор Малишев.

Слични Објави