УТРЕ ЗАПОЧНУВА ПРОЦЕСОТ ПРОТИВ ТЕПАЧИТЕ ОД ШТИП, АКО СИ ПРИЗНААТ ЌЕ ДОБИЈАТ КАЗНИ ОД 6 МЕСЕЦИ ДО 5 ГОДИНИ

//

Во Основниот суд во Штип утре ќе започне судскиот процес против двајцата млади штипјани кои се товарат за кривичното дело насилство, поврзано со претепувањето на 22-годишна девојка, јавува СДК.мк.

За С. А. (23) и П. Р. (26) судот претходно одреди мерка притвор од седум дена, а потоа го продолжи за 30 дена. Во меѓувреме, штипската адвокатска фела се откажа од нивно застапување, но, како што дознаваме, еден адвокат од Велес прифатил.



„Ако има признание на кривичното дело, може уште утре да се донесе пресуда. Казната за вакви дела е од шест месеци до пет години затвор“, најавува застапникот на обвинението, оснивниот јавен обвинител во Штип, Ристе Бојаџиев.

Претходна статија

ЈСП – СКОПЈЕ СО НОВ ВОЗЕН РЕД , СОГЛАСНО СКРАТЕНИОТ ПЕРИОД ЗА ПОЛИЦИСКИ ЧАС

Следна статија

РУСКИ ВИРОЛОГ: ФАКТОТ ШТО ВИРУСОТ СЕ ПОЈАВИ ВО КИНА НЕ Е СЛУЧАЈНОСТ

Најново од Вести