Насер Нуредини: Да штедиме, можно е да немаме доволно за греење зимава

/

Напуштање на РЕК Битола, штедење енергија, вложување во обновливи извори, воведување данок на јаглерод се само дел од потребните промени што ги посочува министерот за животна средина, Насер Нуредини во интервју за Гласот на Америка

Секој да штеди енергија, од индустрија до граѓани, за да се преброди претстојната зима без да ѝ се наштети на околината. Тоа го вели министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во интервју за Гласот на Америка.

„Да, веројатно е дека во текот на зимата ќе нема доволно гас за греење во Скопје. Но, како држава бараме можности за набавка од други извори, како што е соседна Бугарија“, вели Нуредини.

Министерот препорачува за греење да се користи струјата за која вели дека е еколошка, но и економична опција.



„Греењето со инвертери сепак би било поевтино, енергетски поефикасно и помалку штетно за околината. Мораме да бидеме подготвени и внимателни. Да не користиме материјали што се штетни за нашето здравје“, посочува министерот.

Целиот напис прочитајте го овде.

Претходна статија

Пожар кај Криволак, хеликоптер се вклучува во гасењето

Следна статија

Газпром дополнително ја намалува испораката на гас , во употреба останува само 20 отсто од гасоводот „Северен тек 1“

Најново од Вести