ГРЦИЈА МОЖЕ ДА ОСТАНЕ ЗАТВОРЕНА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ
Грчкиот државен министер, Јоргос Герапетрис во интервју за радио „Солун“, не ја исклучи можноста границата меѓу Грција и Македонија да не биде отворена на 15 јуни.
Тој посочи дека причина за тоа ќе биде зголемениот број случаи на коронавирус кај нас.
„Ќе биде направена проценка на состојбата, но 90 проценти од одлуката зависи и што ќе одлучи секоја земја за своите граници. Ние ги следиме епидемиолошките податоци. Очигледно ако состојбата продолжи да се влошува ќе бидат продолжени и рестрикциите за пограничниот сообраќај“, вели Герапетрис.

