СДСМ: Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија на Груевски, знае само за лаги и блокади

/

Според владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е партија која се уште функционира како во времето на нејзиниот почесен претседател во бегство, Никола Груевски.

Таа партија, предводена од Мицкоски, велат од СДСМ, знае само за лажни вести, блокади и деструкции.

„ВМРО-ДПМНЕ постојано е на спротивната страна од интересите на граѓаните, постојано нешто кочи и блокира. Последен таков случај се обидите за опструкција на работата на Собранието“, посочуваат од СДСМ.

Во нивниот писмен допис потенцираат дека ВМРО-ДПМНЕ се уште ја кочи изградбата на новиот Клинички центар во Скопје, беше, како што велат од таму, против пакетите економски мерки за помош на граѓаните и стопанството, против поголеми плати и пензии.



„Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, партија која секогаш има проблем кога парите завршуваат кај граѓаните, наместо во нивниот скапоцен дворец. Таквото нивно однесување одамна е препознаено од страна на граѓаните, затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги чека нов убедлив пораз на изборите“, се додава во соопштението од СДСМ.

Претходна статија

Во Солун конференција за Западен Балкан и европската иднина

Следна статија

Бислимоски: Владите во регионот мора да продолжат со инвестициите во енергетскиот сектор

Најново од Вести