| |

ГДУ-КУМАНОВО: ПРАВНА ДРЖАВА ИЛИ ДИКТАТУРА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА?

„Техничкиот премиер два пати службено гостуваше во Куманово и два пати заврши во изолација. Малер, нема што!
Еднаш, на 15 април, беше како Премиер во посета на Општина Куманово и на 16 април веднаш позитивен резултат за градоначалникот Максим. На 22 април, градоначалникот си заработи и кривична пријава по член 205 и 206 од КЗ.

Втор пат, на 31 мај, како потпретседател на својата партија си тераше изборна кампања на малиот плоштад во Куманово и си делеше маски и флаерчиња. На 1 јуни веднаш позитивен резултат за неговата придружничка, директорката на УЈП, Лукаревска. До ден денес нема кривична пријава, а нема ни да ја има!

Граѓанско Демократска Унија Куманово е директно засегната страна за овие две случки. Ако овие двојни аршини важат за во нивните редови, што да очекуваме ние што не сме им по волја? Ако тие реагираат како сакаат и кон кого сакаат, дали ќе има некој да не заштити нас, обичните граѓани?
Си пуштаат кривични пријави и истите ги повлекуваат врз основа на нивната дневна политика, како средство за дисциплинирање на членството, но и застрашување на останатите. Не се поштедени ни политичките противници од опозицијата, кои наместо да „ја тераат“ изборната кампања, сега повеќе гледаат да се заштитат лично себеси.

Па сега што да кажеме-правна држава или диктатура во услови на пандемија? Мислам дека овие врска немаат од правото, а правдата им е идеал, што во моментот им е непосакуван. Токму затоа и треба да им покажеме на изборите дека веќе се непожелни на власт. Тоа што до сега го дадоа, нема ништо допирно и заедничко со она што на народот му треба. Време е за промени на подобро“, се вели во соопштението на ГДУ-Куманово.

Слични Објави