| |

ВЛАДАТА ВО БОРБА ПРОТИВ ВИРУСОТ?!

Во пречек на 80 часовен карантин на 4 големи градови, Владата си направи набавка на 80.000 лубриканти и 150.000 презервативи. Дај некој од стручните лица нека им објасни дека болеста е респираторна и не е полово пренослива. Ако пак им е за нивна теснопартиска употреба, не мора толку да се нарачува одеднаш. Нарачката за 20.000 лубриканти беше кога не се знаеше дали вирусот ќе ја зафати и Македонија. Сега кога сме сигурни дека е тука и како што вели Филипче ќе учиме да живееме со него, лубрикантите не помагаат. Сигурно ги смешеле со респираторите. Ама така е кога секој се поставува на место што го сака, а не што е стручен за истото.

Се поделија грантови на (НЕ)владини организации за борба против коронавирусот. Толку од нивната неполитичност и независност. Кога веќе се на државна цицка, нема веќе професионализам и неутралност, со голо претставување на вистината. За грантовите од 600.000 до 900.000 илјади денари ништо нема да се смени во борбата против вирусот, ама многу во борбата за власт и поткуп на гласачите. Што рековте, избори кога?

Кривичните пријави се штанцаат, ама како за кого. И уште повеќе во однос на порано, се средство за интимидација на граѓаните. Веќе не се бара правдата, туку се поставуваат двојните аршини. За „нивните“- опомени и јавно извинување. За опонентите-пријави и драстични казнувања, за да се покаже кој е кој. Всушност, нели и за тоа служи казненото право? Нели е тоа право во служба на победниците? Само што векот е тркало кое неуморно се врти. Набргу ќе дојдете под него.

И за крај борба против вирусот. Карантин за спречување на негово ширење. Објаснете ми-Како со дозволен излез од „затворените“ градови и распрснување на населението, вирусот е локализиран и ставен под контрола? Малку сум глупав или интелигенцијата ми е малку повисока, па не можам да се спуштам на ваше ниво. Што ќе биде?
Сега само народот мора да се реши на која страна од презервативот ќе застане на изборите и дали ваквите ќе ги трпи и понатаму.
Избор има. Избори ќе има.

Автор: Перица Спасовски, претседател на ГДУ-Куманово



Слични Објави