СТЕФАНОВА ГИ ИЗБЕГНА НОВИНАРИТЕ, НЕ САКА ДА ГО КОМЕНТАРА „РЕКЕТ“ БИДЕЈЌИ Е ПОВИКАНА КАКО СВЕДОК ОД ОБВИНИТЕЛСТВОТО
Обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова не сака да коментира ништо за случајот „Рекет”, бидејќи е повикана на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција во својство на сведок, јавува А1он.
Таа утрово ги избегнала камерите пред судот и влегла низ споредниот влез.
Потсетуваме дека во една од снимките за случајот „Рекет“ објавени од италијанскиот весник „Ла Верита” се слуша како, шефицата во оставка на СЈО, Катица Јанева вели дека ја има под контрола Лиле Стефанова.
