|

Британија ќе обезбеди дополнителна воена помош од 1,6 милијарди долари за Украина

Обединетото Кралство најави дека ќе обезбеди дополнителна воена помош и поддршка од 1,6 милијарди долари за Украина. Ова го соопшти владата на британскиот премиер Борис Џонсон во пресрет на лидерската средба на Г7, пренесе Дневен аваз.

Според британската влада, ова е највисока стапка на трошење за конфликтот од војните во Ирак и Авганистан, иако деталите од таа пресметка не се откриени.

„Бруталниот напад на Путин не само што предизвикува неверојатно уништување во Украина, туку ги загрозува и мирот и безбедноста низ Европа“, рече Џонсон, кој се обрати пред украинскиот парламент минатата недела.

Обединетото Кралство соопшти дека дополнителните трошоци за Украина ќе дојдат од владината резерва за итни случаи.

Исто така, беше најавено дека Џонсон на крајот на мај ќе биде домаќин на состанок на водечките одбранбени компании, на кој ќе се разговара за зголемувањето на производството како одговор на зголемената побарувачка создадена од војната во Украина, пренесуваат медиумите.

Извор: Темите



Слични Објави