ЖЕНА ПРЕГАЗИЛА ПЕШАК ВО СКОПЈЕ И ПОБЕГНАЛА

Вести Истакнато Македонија

Вчера во 14.30 часот во близина на крстосница на улиците „23 Октомври“ и „Коста Новаковиќ“ во Скопје, возило управувано од женско лице удрило во пешакот Ј.С.(77) од Скопје и подоцна го напуштило местото на настанот.

Ј.С. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градска болница „Свети Наум Охридски“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.