Сијарто: Не поддржуваме нови енергетски санкции против Русија
„Ние не сакаме ни да преговараме за енергетски санкции“, рече министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто.
„Унгарската влада нема да го поддржи предлогот на Естонија за воведување нови санкции за снабдување со руски енергенси на земјите од ЕУ, а нема намера да воведе никакви ограничувања за влезните визи за руските граѓани“ – најави денеска Сијарто.
Унгарскиот министер, по телефонскиот разговор со неговиот естонски колега Урмас Реинсалу, изјави дека владата во Талин веќе покажала желба да изнесе сугестии до целата Европска Унија во однос на осмиот пакет санкции против Русија, кој ќе вклучува целосно ембарго на снабдување со енергија, пренесува ТАСС.
Извор: Zoom.mk