На „Софија филм фест“ ќе бидат прикажани околу 60 бугарски филмови
Околу 60 од филмовите што ќе бидат прикажани во рамките на годинашното издание на „Софија филм фест“ ќе бидат бугарски. Ова го соопшти директорот на фестивалот Стефан Китанов. Проекцијата на толку домашни продукции се случува за прв пат во рамките на фестивалот.
„Од овие отприлика 60 филмови, скоро 50 се премиери. Такво нешто досега не се случило, така што би бил многу среќен кога кината би биле полни, што е сосема очекувано кога има бугарски премиери, но да ја погледнеме бугарската кинематографија во контекст. Ова е многу важно, бидејќи тогаш можеме да направиме споредба, и споредувајќи ги бугарските филмови еден со друг, и споредувајќи ги со меѓународните филмови кои се присутни на фестивалот, а како и секогаш, тука ќе бидат претставени најдобрите од светската кинематографија.
Дваесет и деветтото издание на „Софија Филм Фест“ ќе се одржи од 13 до 31 март.
Фото: БНР