|

ВМРО-ДПМНЕ: Дали директорот на БЈБ влијаел врз случај каде се тепани припадници на полицијата

Дали директорот на Бирото за јавна безбедност влијаел врз случај каде се тепани припадници на Единицата за брзо распоредување? Вадени ли се луѓе од записник заради врски со него?, прашува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„ВМРО-ДПМНЕ постави прашања, а директорот на БЈБ и ЈО молчат. Сашо Тасевски мора да одговори, дали едно од четворицата лица кои биле фатени и евидентирани од полицијата под сомнение дека сакале да употребат бела прашкаста материја, и притоа ја нападнале полицијата бил негов син?

Сашо Тасевски мора да одговори, дали настанот кој се случил во 1 часот по полноќ, а напаѓачите биле однесени во ПС Карпош во 1.45 часот, е заведен во полициски билтен дури во 6.30 часот сабајлето, под притисок?

Дали таквиот притисок или нешто друго е причина за во полицискиот билтен наместо четворица, да бидат запишани три лица? И фали четвртото лице е синот на Тасевски?

Сашо Тасевски да не се крие и да даде одговори. Истовремено ЈО да не чека и да отвори истрага“, се вели во соопштението.

Слични Објави