| |

ЗАЕВ ЗАСТАНА ЗАД ПОВТОРНO КАНДИДИРАЊЕ НА НЕКОЛКУ АКТУЕЛНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ

„СДСМ секогаш има постапка која што значи слушање на гласот на граѓаните. Сите оние коишто биле добри градоначалници, кои граѓаните на кои им служеле ќе ги потврдат нивните резултати, секако имаат најголеми шанси да бидат повторно кандидирани. Секаде каде граѓаните не се задоволни од резултатите се очеува да има нови кандидати. Ќе излеземе со најдобрите кандидат.“, одговори премиерот Заев на денешната прес-конференција на новинарското прашање – дали ќе има промена на кандидатите за градоначалници од СДСМ на претстојните Локални Избори.

Заев истакна дека лично тој ќе застанам зад неколку кандидати заради тоа што имал личен впечаток, кој како што рече, не значи дека ќе биде и конечна одлука заради тоа што СДСМ има јасни статутарни определби како тоа се прави.

„Исклучително сум задоволен од градоначалникот на Валандово, Богданци, Дојран, Демир Капија, Конче, Кочани, Штип, Старо Нагоричани, Крушево, Маврово и Ростуше, но ова е само мој личен став и ова го кажувам за да ги охрабрам да продолжат со успешната работа, но да испратам и порака до сите други да си ги завршат програмските ветувања. “, потенцира Заев

Тој нагласи дека постапките за избор ќе почнат во СДСМ некаде во мај и јуни за делот на селекцијата на кандидатите и тогаш конечните одлуки ќе ги носат органите и телата на СДСМ.

Слични Објави