МЕРКЕЛ НЕМА ДА СЕ СРЕТНЕ СО ИВАНОВ
Германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата со премиерот Заев изјави дека нема да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов. Таа не даде објаснување за фактот што претседателот не е вклучен во нејзината агенда на посетата во Скопје, но изјави дека ќе се сретне со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во германската амбасада во Скопје.