|

МНР: УШТЕ 180 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ СЕ ВРАТИЈА ОД БЕРЛИН И БОН

Министерството за надворешни работи информира дека денеска бил организиран лет за враќање на вкупно 180 македонски граѓани од Берлин и од Келн/Бон.

Со ова, бројката на вратени македонски граѓани во организација на МНР, генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство заклучно со денеска, изнесува 2.200 граѓани, кои претходно се изјасниле дека прифаќаат задолжителен државен карантин и учество за плаќање на цената за авио билетот.

„На летот од Скопје за Берлин помогнавме и на 163 странски државјани од земјава да се упатат кон своите домови“, соопшти МНР.

Во соопштението до медиумите Министерството за надворешни работи упатува благодарност кон надлежните власти во Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово/НАТО, Србија и Австрија за соработката и целокупната поддршка во овие отежнати околности.

Слични Објави