| |

ПРЕМОЛЧУВАМЕ И ЕТЕ ШТО НИ СЕ СЛУЧУВА

Какви зборови на осуда да употребиме за нечовечкиот, ѕверски чин на насилниците од Штип, нема да бидат доволни. Доволно кажува реакцијата на целата јавност (со сосема мали исклучоци) , и затоа, треба будно да следиме како ќе се справат институциите со оваа ситуација, дали така ефикасно како што и се лоцираа и лишија од слобода насилниците? Дали овој случај ќе падне во мрежата на дупки во законот, обиди да се релативизира, да се извлече помала казна, да го покрие прашина и да се заборави… Тоа не треба да се дозволи, треба на насилниците да им се суди за сите дела кои ги имаат направено, а правниците добро знаат дека не е тука во прашање само физички напад….и да си одговараат со максималните можни казни…

Но, и покрај оправданиот гнев, треба да се престане со повиците за линчуваање, како за нив, така и за членови на нивните семејства – со повикот за насилство како начин на решавање на насилството, не го решаваме проблемот , туку го продлабочуваме, стануваме исти. Опасна е и тезата која со дел од својата изјава ја наметнува родителот на еден од насилниците – „…можда е и она…не можда, и она е виновна…“ !!!

Зарем треба на било кој начин да се бара оправдување за такво крвничко претепување, за таква нечовечност. Уште помалку пак треба да имаме разбирање за изјавите од типот на една госпоѓа, горда мајка на два сина според нејзиниот фејсбук профил според која „денешниве девојки мнооогу оделе ваму таму“ или друга која на твитер вели „да не дотурам сол на раната, ама треба да се разгледа случајот зошто девојката лажела (ако лажела“) дека е бремена од типот“. Замислете, се бара оправдување!?

Малку да подразмислиме сите колку вакви случаи остануваат непријавени, зошто жртвите се плашат да пријават? Да размислиме колку време посветуваме, како ги воспитуваме нашите деца (и дали различно размислуваме во зависност од тоа дали се синови или ќерки)? Премолчуваме, и ете што ни се случува…

Facebook статус на новинарот Тони Михаилов



Слични Објави