БОРИСОВ ДО ЗАЕВ: СЕКОГАШ СМЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА НАЈБЛИСКИТЕ СОСЕДИ И ПРИЈАТЕЛИ

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, му возврати на премиерот Зоран Заев кој вчера на Фејсбук се заблагодари за најавената донација на вакцини против Ковид-19, повторувајќи дека  тие секогаш се тука да им помогнат на соседите и пријателите.

loading...

„Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на нашите најблиски соседи и пријатели. Ова му го кажав на премиерот Зоран Заев, кој ни се заблагодари за подготвеноста да им помогнеме во обезбедувањето вакцина против ковид-19. Ситуацијата е навистина тешка и треба да се поддржуваме и да сме солидарни едни со други. Секој живот е важен и ќе вложиме максимални напори да го зачуваме“, напиша Борисов на Фејсбук.

Притоа тој ја сподели објавата на Заев, во која ѝ се заблагодарува на Бугарија.



loading...

Бугарската влада на седница, на која присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче, одлучи дел од секоја пратка на вакцините кои дги купила од производителите, да  ги донира за Северна Македонија.