Според планот, штом биде достапна вакцината во земјава, тоа ќе се случи во првите месеци од 2021 година, први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други на првата борбена линија со пандемијата, потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките, и останатите што се на приоритената листа.
loading...
-Потоа како и многумина граѓани ќе се вакцинираат и политичарите во земјава. Веќе премиерот даде одговор на ова прашање дека и тој ќе биде во редот и со својот личен пример ќе даде поддршка на напорите за сузбивање на ковид-19, најави портпаролот на Владата Душко Арсовски на денешната прес конференција.