(ВИДЕО) ГДУ: КУМАНОВО ИСТО КАКО ВЕНЕЦИЈА!
„Денес нов дожд го дофати Куманово и отвори стари проблеми. Појавата на „реки“ по улиците ни се повтори по којзнае кој пат. Поплавени домови и помошни простории, повторно станаа основа за плаќање на штета. Општината ќе плаќа и пак ќе очекува да ни се погоди топло и суво лето. Проблемите кои не ги решаваме не се губат, ниту пак се решаваат, туку само чекаме да „испливаат“.
Не знаеме само кој попрво ќе попушти. Природата дали ќе ни се сожали или Општината ќе си ја заврши работата. Атмосферска канализација, Куманово, мора да добие во најкус можен рок! Не само да се донесуваат урбанистички планови и да се даваат решенија за легализација. Мора да се има план што и како сака да се постигне.
Само со добро планско опсервирање на проблемите и потребните решенија може да се вроди со плод и веќе еднаш да заличиме на модерно општество, а не на селска паланка.
Мора за нас лично да ги менуваме работите, затоа што ние ги трпиме последиците.
ГДУ- Куманово порачува: доста е со стихиско постапување. Време е за планско и осмислено постапување. Граѓаните на Куманово заслужуваат“, се вели во соопштението од локалниот клуб на политичката партија Граѓанско Демократска Унија- Куманово.
